Актуелниот шпански првак Барселона чекори кон нова титула во Ла Лига, но веќе размислува и за летниот преоден рок. Тренерот Ернесто Валверде на списокот на желби го има крилниот играч на Севилја, Квинси Промес. Тој за сума од 20 милиони евра минатото лето од Спартак Москва дојде во Андалузија. Холанѓанецот има отштетна клаузула од 150 милиони евра, но раководството на Барселона е подготвено да плати 50 милиони евра за да го доведе на „Камп Ноу“.
Валверде го посакува Промес поради неговата универзалност. Тој е брз и пробивен играч кој најчесто настапува на крилните позиции, но исто така може многу добро да одигра и како лев бек, па дури и во средниот ред. Тренерот на Барселона смета дека би бил одлично засилување за следната сезона.
Планот на Барса е парите за овој трансфер да бидат обезбедени од продажбата на Малком, Бразилецот кој не ги оправда очекувањата по преселбата од редовите на Бордо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА