Каталонскиот гигант Барселона не успеа да го доведе Фелипе Кутињо од Ливерпул ова лето, а причина за тоа е енормната отштета што ја побарал англискиот премиерлигаш. Долго време траеја преговорите меѓу двата клуба, но не завршија успешно за Барса.
Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Алберт Солер, денеска на прес – конференција откри дека Ливерпул побарал 200 милиони евра за да го продаде Бразилецот.
„Ливерпул бараше 200 милиони евра, и нормално ние тоа не го прифативме. Барселона секогаш тргува во рамките на клупските планови“, изјави Солер
Кутињо во јануари потпиша ревидиран петгодишен договор со Ливерпул во кој нема прецизирано отштетна клаузула, па Ливерпул може да одреди колку пари ќе бара за продажба на бразилскиот интернационалец. Барса сепак одлучи да не плати 200 милиони евра, иако претходно го продаде Нејмар за рекордни 222 милиони евра во Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА