Потврдени се стравувањата дека повредата на Роберт Левандовски не е мала и тој ќе отсуствува околу три недели, што ќе значи дека ќе го пропушти и финалето од шпанскиот куп против Реал Мадрид (26 април) и двата полуфинални дуели против Интер (30 април и 6 мај) во Лигата на шампионите.
Лекарските прегледи на кои полскиот напаѓач беше подложен во неделата наутро потврдија дека тој има повреда на полутендиозниот мускул на левата надколеница – нешто што веќе го навестија првичните тестови по натпреварот против Селта . Полјакот беше заменет во 77. минута, а неговите гестикулации ја издадоа сериозноста на повредата.
Одделно, полскиот ветеран „гори“ за првенствените натпревари против Мајорка (22 април) и Ваљадолид (3 мај), а целта е да биде подготвен за Ел Класико на 11 мај, кој исто така е во рамките на Ла Лига.
Повредата на Левандовски ја отвора вратата за стартно место, првично, за Феран Торес. Токму тој беше дел од стартната постава во победата против Селта , постигнувајќи го првиот гол. Понатаму, Копа дел Реј е неговиот омилен турнир оваа сезона, каде што беше стартер во четвртфиналето против Валенсија и во двата полуфинални натпревари против Атлетико Мадрид. Заедно со Хулијан Алварез и Ендрик, тој ги предводи најдобрите стрелци на турнирот со пет гола: еден против Бетис, три против Валенсија и еден против Атлетико .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА