Барселона го бара наследникот на Бускетс – Во игра се три имиња…

Барселона е во потрага по фудбалер кој ќе го замени Серхио Бускетс кој наскоро ќе наполни 33 години. Три имиња се во игра за негов наследник, а како најголем фаворит за таа позиција се споменува 18-годишното чудо од дете, Едуард Камавинга.

За него ќе се води жестока борба бидејќи покрај Каталонците, во игра е и големиот ривал Реал Мадрид, како и Манчестер Јунајтед. Второт име на списокот е 23-годишниот Италијенец, Мануел Локатели кој настапува за Сасуоло.

Последно име на листата на желби е Микел Мерино кој во моментов настапува за Реал Сосиедад. 24-годишникот има одлична сезона во баскискиот клуб и се наметнува како еден од најдборите фудбалери на својата позиција во Ла лига.

Се вчитува...