Барселона го „блиндира“ Кунде до 2030 година

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, го продолжи договорот со шпанскиот клуб до 2030 година.

„Французинот стана заштитен знак на позицијата десен бек и е исклучително важен за Ханси Флик со својата безгранична енергија. Солиден во одбраната и добар во напаѓачките комбинации, Кунде беше херој на победата во Купот на кралот против Реал Мадрид минатата сезона“, се вели во соопштението на Барселона.

Кунде (26) пристигна во Барселона во јули 2022 година од Севилја, па од тогаш одигра вкупно 141 натпревар за клубот од Каталонија.

Како играч на Барселона, во сезоните 2022/23 и 2024/25 беше избран во идеалниот тим на шпанската Ла Лига, додека со клубот од Каталонија минатата сезона освои титули во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.

Со француската репрезентација, за која одигра вкупно 42 натпревари, освои злато во Лигата на нации во 2021 година и сребро на Светското првенство во Катар.

Се вчитува...