Барселона по подолг период нанижа две победи во низа во Евролигата, откако го изненади Олимпијакос пред гостинска публика со високи 90-63. Се чини дека каталонскиот состав конечно, иако доцна, се буди во европското натпреварување по доаѓањето на Светислав Пешиќ. Олимпијакос претрпе пораз по пет триумфи во низа.
Откако резултатот се уште беше неизвесен по првото полувреме, Барселона направи фантастична серија од 17-0 во третиот период, па со двоцифрена предност влезе во одлучувачката четвртина. Барса нагази и во финишот, и забележа престижна победа врз второ пласираниот состав во Евролигата.
За гостите од Шпанија најефикасен беше Анте Томиќ со 19 поени и осум скока, Моерман додаде 17, а Копонен допринесе со 14 поени. Принтезис и Меклин реализираа по 14 поени за составот на Олимпијакос, 10 поени додаде Спанулис.
Брозе Бамберг забележа сигурна победа против најслабата екипа во Евролигата сезонава, турскиот претстаник Анадолу Ефес, со конечен исход од 88-79. Иако гостите Истанбул беа рамноправни во првите 20 минути, Бамберг го реши победникот во продолжението оправдувајќи ја фаворитската улога.
Дорел Рајт и Леон Радошевиќ допринесоа со по 15 поени за победата на домаќинот, Рубит додаде 12 поени. Ерик Меколум постигна високи 21 поени, Штимац заврши со 18, но тоа не беше доволно да се избегне 20 пораз на Анадолу сезонава.
Кимки забележа важна победа на гостувањето во Тел Авив против Макаби со резултат од 94-91. Тимот од Москва победува и кога не му оди на Алексеј Швед, Русинот иако заврши со 22 поени, беше катастрофален од линијата за три поени (1/9). Кимки со оваа победа е на чекор поблиску до разигрувањата, додека им создадоа голем проблем на Макаби во завршницата на регларниот дел.
Макаби тргна добро, но за брзо нивното темпо падна и дозволија пресврт во корист на Кимки уште од стартот. Гостите ја користеа минималната предност за да го контролираат мечот до полувремето (44-39). Макаби со нови сили се обиде да се врати во средбата и да не дозволи срам пред своја публика, но иако го освоија третиот период со 27-21, потфрлија кога беше најважно. Карлес Жил пресуди на 36 секунди до крајот со реализирана тројка, а до крајот преку слободни фрлања ја осигураа важната победа.
Жил заврши со 24 поени, Швед оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 12 асистенции, додека Томас допринесе со 16 поени за Кимки. Во составот на Макаби Џексон беше најефикасен со 25 поени и седум асистенции.
РЕЗУЛТАТИ ЕВРОЛИГА:
Олимпијакос – Барселона 63-90
Брозе Бамберг – Анадолу Ефес 88-79
Макаби Тел Авив – Кимки 91-94
Басконија – Жалгирис Каунас 84-64
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА