Барселона го доби евролигашкото „Ел класико“ против Реал Мадрид

Барселона го доби кошаркарското „Ел класико“ добивајќи го големиот Реал Мадрид со убедливи 79-72. Натпреварот беше решен во втората четвртина која домаќините ја добија со убедливи 30-13 и на полувреме заминаа со предност од плус 21 (48-27). Во второто полувреме „кралевите“ заиграа далеку подобро па на минута и четириесет до крајот успеаја да стигнат до минус пет (74-69), но немаа сила за целосен пресврт. Кајл Куриќ со 15 поени беше најефикасен кај победникот, Брендон Дејвис уфрли 14, додека Кори Хигинс заврши со 13 поени. Кај Реал Мадрид Треј Томпкинс натпреварот го заврши со 14 поени, додека Абалде постигна еден помалку.

Баерн Минхен славеше над Олимпијакос со 74-68. Германскиот тим го контролираше мечот во текот на сите 40 минути и во ниту еден момент на гостите од Грција не им дозволи да се надеваат дека можат да дојдат до победата. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Вејд Болдвин со 18 поени, додека Владими Лучиќ уфрли два помалку. Кај поразените Папаниколау заврши со 13 поени, додека еден помалку уфрли Чарлс Џенкинс.

Се вчитува...