Барселона го договори првиот трансфер за новата сезона

Kаталонскиот гигант Барселона го договори првиот трансфер за новата сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Се работи за искусниот дефанзивец Ињиго Мартинез.

Уште од март годинава почнаа најавите дека 31-годишниот централен бек прифати да игра за каталонскиот гигант како слободен агент. Мартинез ќе го носи дресот на Барса до јуни 2025 година.

Од 2018 година ги бранеше боите на Атлетик Билбао со 152 настапи и шест голови. Претходно седум години беше дел од екипата на Реал Сосиедад. Со Атлетик Билбао успеа пред две години да го освои шпанскиот Суперкуп, а двапати беше финалист во Копа дел Реј.

Се вчитува...