Кире Лазаров и Борко Ристовски со Барселона му се придружуваат на Вардар на во завршницата од Лигата на шампионите во Келн. Барселона на домашен терен во „Блауграна“ го победи Кил со 23-18, успеа да ја анулира негативата од првиот меч на кој Кил славеше со 28-26 и на најдобар начин му се реваншира на стариот ривал за ланската елиминација во четвртфиналето од ЛШ.Годинашниот Ф4 во Келн прв пат откако се игра завршницата на ЛШ во овој формат, ќе биде без германска екипа, откако Барселона го исфрли од игра Кил, а претходно Вардар го отпиша Фленсбург. И во двата дуели за елиминацијата на германските екипи клучна улога имаа голамните, Арпад Штербик го однесе Вардар на Ф4, а Гонзало Перез де Варгас беше клучот на Барселона во елиминацијата на Кил.Четворката што ќе игра на Ф4 во Келн ќе биде комплетирана по завршувањето на последните два четвртфинални дуели. Во првиот вечерва играат ПСЖ и Пик Сегед, а утре е завршниот дуел меѓу Монпелје и Веспрем.По поразот на првиот меч во Кил, Барселона на реваншот не остави ништо на случајот. Каталонците тргнаа сигурно и уште на стартот ги анулираа двата гола негатива поведувајќи со 2-0. Одличната игра во одбраната и извонредниот Гонзало Перез де Варгас на голот на Барселона не му оставија многу простор на Кил да се разигра и ги оставија Германците со само 9 гола во првото полувреме кое заврши со предност на шпанскиот тим со 13-9. Домаќините во овој дел од мечот стигнаа и до највисоки пет гола предност поведувајќи со 13-8, пред крај на полувремето, но Марко Вујин беше прецизен во последните секунди и го постигна деветиот гол за Кил.Барселона одново се врати на +5 по осум минути игра во вториот дел кога капитенот Виктор Томас беше прецизен за 15-10. Алфред Гисласон се обиде да го сопре налетот на Барселона со одбрана 3-2-1, но каталонците ги држеа сигурно конците во свои раце. Виктор Томас повторно ја однесе Барселона на пет гола разлика погодувајќи за 18-13, а за одржување на дистанцата се погрижи Кире Лазаров со проектилот од девет метри за 19-14 на десет минути пред крај.Кил на три минути пред крај дојде на -3 намалувајќи на 21-18, но Перез де Варгаз стави крај на нивните надежи, беше несовладлив за ракометарите на Кил и ја однесе Барселона на Ф4 во Келн. Барселона ќе игра по шести пат на Ф4 во Келн и ќе се бори за вкупно деветатата титула во Лигата на шампионите.Кире Лазаров кој од следнаат сезона се сели во фрнацускиот Нант, во својот последен натпревар од Лигата на шампионите во дресот на Барселона во „Блауграна“ постигна три гола. Борко Ристовски во поголемиот дел од мечот остана на клупата, јунак на Барселона на овој меч беше шпанскиот репрезентативен голман Перез де Варгас со фантастични 23 одбрани. Најефикасен во составот на Барселона беше Валеро Ривера со седум гола . Кај Кил Марко Вујин и Никлас Егберг постигнаа по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА