Барселона во големи проблеми: Отпишаниот стопер одбива трансфер

Андреас Кристенсен и создава големи и неочекувани проблеми на Барселона која сака да се ослободи од неговиот договор со цел да направи простор за финансискиот фер-плеј, но данскиот стопер нема нема во последната година од договорот со каталонците да реализира трансфер.

Кристенсен не е во прв, ниту во втор план на Ханси Флик. Голем дел од претходната сезона ја помина низ рехабилитација за повеќе повреди па за него повеќе и нема место во тимот.

Данецот пристигна во Барселона во 2022 година по осум години поминати во Челси и тоа како слободен играч, но не се наметна во каталонскиот тим настапувајќи на само 80 натпревари.

Се вчитува...