Каталонскиот гигант Барселона заокружи уште одлично засилување во овој зимски преоден рок, но ефектите од него на „Камп Ноу“ ќе се видат дури по две години. Договор со клубот потпиша бразилскиот интернационалец Артур од Гремио, но тој ќе пристигне во Барселона дури во јануари 2020 година.
Гремио првично бараше 50 милиони евра отштета за својот офанзивен играч за врска, но на ваков начин раководството на Барселона успеа да го доведе за 30 милиони евра. Имено, Бразилецот ќе остане уште една сезона во Гремио како позајмен играч, а потоа ќе замине и на нова едногодишна позајмица во европски клуб, за да се навикне на играњето на Стариот континент. Артур и Кутињо треба по две години да бидат всушност наследници на Чави и на Иниеста, фудбалерите за врска кои оставија огромен белег во изминатата деценија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА