Барселона го купи од Копенхаген, а сега го сака и неговиот брат

Барселона го доведе 19-годишниот Рони Бардџи, поранешен играч на Копенхаген, во овој преоден рок.

Младиот Швеѓанец потпиша четиригодишен договор, а шпанските медиуми пишуваат дека тој вреди 2,5 милиони евра.

Фабрицио Романо пишува дека шпанскиот великан сега го бара неговиот четири години помлад брат Рајан, чиј договор со Копенхаген истекува, и дека сакаат да го приклучат на нивниот младински тим.

Двајцата браќа пристигнаа во данскиот клуб во 2020 година од Малме. Рони се приклучи на првиот тим во 2022 година и одигра 84 натпревари за клубот, постигнувајќи 15 гола. Со Копенхаген освои три титули во данското првенство и две титули во Купот, а во Барселона се гледа како долгорочна замена за Ламин Јамал на десното крило.

Се вчитува...