Шпанскиот првак Барселона дефинитивно одлучи да го купи дефанзивецот на Севилја, Клемен Ленгле. Каталонскиот клуб ќе ја активира отштетната клаузула од 35 милиони евра на 1 јули и ќе го откупи францускиот интернационалец. Тој треба да ја засили дефанзивната линија на тимот, и да биде поддршка за стоперскиот тандем Самуел Умтити и Жерар Пике.
22-годишниот Ленгле имаше одлична сезона во дресот на Севилја, а пристигна од редовите на Нанси. Тој треба да потпише петгодишен договор со Барселона на почетокот на идниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА