Бразилскиот фудбалер Нејмар е на излезни врати од Пари Сен Жермен, а се повеќе се шпекулира дека главен виновник за лошиот однос меѓу Бразилецот и клубот е Барселона.
Познато е дека спортскиот директор на клубот од Париз, полудел кога Нејмар двапати не се појави на тренинзи и дека веднаш потоа е ставен на трансфер листа, но не е познато дека своја улога во целата ситуација има и каталонскиот гигант.
Француските медиуми пренесуваат дека Барселона барала од Нејмар да ја бојкотира азијската турнеја на клубот и со тоа да предизвика „раскол“ во соблекувалната како би можело да го изнудат неговото заминување од Париз.
Барселона досега испрати неколку понуди за бразилскиот интернационалец, но се уште не успеаја да се договорат со „светците“ околу неговото преминување на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА