Барселона го награди „маестро“ Иниеста со доживотен договор

Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона, Шпанецот ќе игра на „Ноу Камп“ до крајот на неговата кариера.

Иниеста беше еден од фудбалерите кои чекаа на обновување на соработката со каталонскиот клуб, следното лето ќе беше слободен играч, но јасно беше дека Барса нема да дозволи да остане без нивниот „маестро“.

33-годишниот играч за врска е втор фудбалер во историјата на Барселона по број на настапи. Откако дебитираше за првиот тим пред 15 години, Иниеста има забележано 639 натапи во сите натпреварувања. Само неговиот поранешен партнер, Чави Ернандез има повеќе настапи од него.

Иниеста потекнува од академијата на „Ла Масиа“, со шпанскиот гигант има освоено осум титули во домашното првенство, додека на трофејот од Лигата на шампиони му се радувал дури четири пати. Од 2015 година, Андрес ја превзеде капитенската лента, a заедно со Меси се најтрофејните фудбалери на Барселона, двајцата имаат по 30 трофеи.

 

Се вчитува...