Роберт Левандовски и на своите 35 години и натаму е „машина“ за голови. Каталонците во своите редови го имаат еден од најдобрите напаѓачи на светот. Меѓутоа со оглед дека е веќе во зрели фудбалски години, Барселона уште од сега размислува за негова замена.
Шпанските медиуми пишуваат дека овој тим е заинтересиран за уште еден поранешен играч на Борусија Дортмунд. Станува збор за Александар Исак, кого го нарекуваат „новиот Ибрахимовиќ“. Шведскиот репрезентативец има 23 години, и во моментов е дел од Њукасл.
Нему му е добро познат шпанскиот фудбал, со оглед дека играше во Реал Сосиедад, и не би требало да има проблем околу адаптацијата.
Според информациите, веќе следното лето Чави ќе се обиде да го ангажира во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

