Шпанскиот гигант Барселона стапи во контакт со „кампот“ на Душан Влаховиќ, правејќи го првиот чекор за негов трансфер на „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.
Барселона веќе подолго време е заинтересирана за ангажман на српскиот голгетер првенствено поради неговата ситуација со тоа што тој на крајот на сезоната станува слободен играч со истек на договорот со Јувентус па овој трансфер каталонците би добиле квалитетна замена за Левандовски без потрошени пари на обесштетување.
Преговорите за нов договор на Влаховиќ со Јувентус не вродија плод па истите веќе подолго време се стопирани, но бидејќи тој се врати во составот и добива поголема минутажа не се исклучува и можноста за промена на планот и негово продолжување на соработката со „страта дама“ во „90 минута“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

