Барселона го носи „бразилскиот Меси“

Лионел Меси дефинитивно е најголемиот фудбалер кој Барселона некогаш го имала. Уште како тинејџер стигна во клубот, а потоа освои се што можеше да се освои, и се афирмираше како играч од светска класа.

Многумина играчи во измиантите години се прогласувани како „новиот Меси“, но засега ниту еден не ги оправда очекувањата. „Новиот Меси“ сега го наредкуваат 16-годишниот бразилски фудбалер Естевао Вилијан. И покрај тоа што е баран од многу клубови, тој има само една желба – Барселона!

 Игра за Палмеирас, а во интервју за „Мундо Депортиво“ открива дека има само еден сон, да игра во дресот на Барса.

„Мојот најголем сон е да играм во Барселона. Ги гледам сите натпревари, уживам, и навивам за тој клуб. Многу се воодушевувам од играчите кои таму се развиваат и се надевам дека и мене ќе ми се случи истото“, рече Вилијан.

Станува збор за играч кој ги покрива двете крилни позиции, а може да игра и како офанзивен играч во средниот ред.

Се вчитува...