Барселона никогаш не престанува да бара таленти од целиот свет. Овој пат, нивните очи се насочени кон Египет и 17-годишен напаѓач кој веќе го сврте вниманието кон себе. Станува збор за Хамза Абделкарим, талентираниот напаѓач на египетскиот Ал Ахли.
Абделкарим е централен напаѓач кој ги импресионираше скаутите на Барселона до тој степен, што одлучија да го ангажираат уште во јаннуарскиот преоден рок со јасен план. Имено, Египѓанецот треба најпрво да игра за резервниот тим, а потоа би добил шанса во првата екипа.
Шпанските медиуми јавуваат дека Барса веќе ја испратила првата понуда, која наводно е базирана на позајмица со опција за купување. Абделкарим би бил на шестмесечна позајмица, со откуп од 4 милиони евра. Оваа сум би била распределена на начин што еден милион би бил исплатен веднаш, а друтите преку бонуси со оглед на перформансите на играчот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

