Шпанскиот првак Барселона веќе размислува за новите засилувања што ќе пристигнат на „Камп Ноу“ следната сезона. Најголем проблем е одбраната, со оглед дека Самуел Умтити има мистериозна повреда која би можела многу долго да го оддалечи од фудбалот, а Жерар Пике размислува за крај на кариерата во 2020 година. Раководството на каталонскиот гигант сака да го доведе Жан – Клер Тибодо, кој во Франција веќе го доби прекарот ‘новиот Варан’.
Тој има 18 години, но со квалитетот веќе отскокнува во францускиот шампионат. За него Барселона е подготвена да плати 30 милиони евра, а планот на Ернесто Валверде е да состави дефанзивен тандем за следната деценија, заедно со Матијс де Лихт од Ајакс.
За Тибодо има интерес од неколку големи европски клубови, како Јувентус, Манчестер Јунајтед, Наполи, а во трката се вклучува и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА