Барселона го одбрани трофејот „Жоан Гампер“

Со победата над Тотенхем, Барселона го одбрани трофејот во „Жоан Гампер“ Купот. Каталонците се освојувачи на овој трофеј 11-ти пат по ред. На тимот предводен од Чави тоа им успеа благодарение на победата над Тотенхем со 4-2.

Последен пат кога Барселона не го освои трофејот беше 2012 година. Тогаш пехарот го освои Сампдорија, која ја совлада Барселона.

Вкупно Барселона го освојува овој трофеј 46 пати од 58 одржувањ. На второто место е Келн, кој двапати го освоил трофејот.

Се вчитува...