На петмесечната авантура во Барселона на Џои Дорси и дојде крајот откако раководството на клубот од Каталонија одлучи да ја прекине соработката со корпулентниот кошаркар. Јоргос Барцокас не е задоволен од пристапот на игра на американскиот центар кој во изминатиот период се здебелил 14 килограми што дополнително му создава потешкотии поради што побарал замена за играчот и отказ за истиот.
Дорси на Барцокас му беше втората опција за позицијата центар која примарно ја врши Анте Томиќ. Во Евролигата Дорси просечно бележеше по 5,4 поени и 6,2 скокови додека во шпанската Ендеса лига по 3,8 поено односно 5,4 скокови.
По една сезона мината во Галатасарај, Дорси во август минатата сезона одлучи да се врати во Барселона, но ќе мора повторно да бара нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА