Шпанскиот кошаркарски стратег Сито Алонсо повеќе не е тренер на Барселона откако раководството одлучи да му даде отказ. „Каталонците“ се соочуваат со една од најлошите сезони во нивната понова историја, а Алонсо неколку пати потфрли во обидот да ја сврти сезоната во нивна полза. Раководството во најскоро време ќе ангажира негов наследник, но засега не е потенциран првиот кандидат.
Барселона во Евро – лигата се наоѓа на 13. позиција со седум победи и двојно повеќе порази (14), додека во шпанското првенство се зад Реал Мадрид и Валенсија со 24 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА