Каталонскиот гигант Барселона повторно сака да пазари во Дортмунд. По Осман Дембеле, кој најверојатно и ќе си замине од „Камп Ноу“, новата инвестиција треба да биде младиот англиски репрезентативец Џејдон Санчо. Тој експлодираше во дресот на „милионерите“ оваа сезона, и веднаш побуди интерес кај најголемите европски клубови. Јувентус прв ја фрли мамката, но и Барселона сериозно се вклучува во трката за негов ангажман.
Според медиумите во Шпанија, клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да плати 120 милиони евра за Санчо. Најголем дел од овие пари би биле обезбедени токму со продажба на Осман Дембеле, кој не се снајде најдобро во тимот на Ернесто Валверде, иако постигна неколку решавачки голови.
Џејсон Санчо има договор со Борусија Дортмунд до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА