Кошаркарскиот гигант Барселона продолжува со создавањето на тим за напад на титулата во Евролигата. По Никола Миротиќ и Кори Хигинс, Каталонците во своите редови го донесоа и Брендон Дејвис, а успеаја назад да го вратат и Алекс Абринес.
Дејвис своите најдобри партии во Европа ги прикажа во Жалгирис Каунас каде минатата сезона беше избран и во најдобрата петорка во Евролигата. Кариерата ја почна во Универзитетот во Јута, од каде како недрафтуван замина во Филаделфија 76. Во НБА една сезона играше и за Бруклин Нетс, од каде што се пресели во Европа, во тимот на Елан Шалон. Покрај Елан Шалон во Европа настапуваше и за екипите на Варезе и Монако.
Абринес беше избран за најдобар млад играч во Евролигата во 2016 година, потоа се пресели во НБА-лигата, но не се снајде најдобро од другата страна на Атлантикот. Тој пред неколку месеци објави дека поради депресија ја завршува својата кариера, но во меѓувреме го промени ставот, па денеска потпиша тригодишен договор со Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА