Барселона го претстави Боатенг

Каталонскиот гигант Барселона го претстави најновото засилување Кевин Принс Боатенг. Интернационалецот од Гана на огромно изненадување на европската фудбалска јавност пристигнува на „Камп Ноу“ оваа зима. Тој ќе игра како позајмен играч од Сасуоло во наредните шест месеци.

„Донесов одлука во истиот момент кога дознав дека Барселона е заинтересирана за мене. Ваква шанса не се пропушта“, изјави Кевин Принс Боатенг на промоцијата.

Се вчитува...