Барселона денеска и официјално го претстави новиот комплет дресови за претстојната сезона. Каталонскиот клуб пред неколку недели го претстави првиот комплет дресови кои Барса ќе ги користи на домашните натпревари, но и во поголемиот дел од сезоната.
Барселона сега ја претстави втората гарнитура на дресови за сезона во која овој клуб ќе игра најмногу на гостински терен. Инспирација за дизајнот биле „златните дресови“ од 1992 година, а 30 години подоцна „Nike“ се одлучил за сличен дизајн.
Бојата ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб, а првите реакции изгледаат подобри отколку што очекуваа во клубот.
Now is the time to buy gold.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

