Барселона го претстави Жул Кунде: Пресреќен сум што дојдов во овој голем клуб

Каталонскиот гигант Барселона го претстави своето последно засилување, францускиот интернационалец Жул Кунде. Кунде на „Камп ноу“ стигна од редовите на андалузиска Севилја за сума од 50 милиони евра.

Тој денеска ја имаше официјалната промоција во Блауграна каде им се обрати на навивачите на каталонскиот клуб.

„Пресреќен сум што ќе бидам дел од еден голем клуб како што е Барселона“, изјави Кунде. 

 

Се вчитува...