Барселона се искачи на првата позиција на табелата во шпанското првенство откако во 24. коло славеше на домашен терен против Рајо Валекано со минимални 1-0. Единствениот стрелец на средбата беше Роберт Левандовски, полскиот репрезентативец кој ја затресе мрежата од пенал во 28. минута.
Овој триумф ги искачи каталонците на врвот на табелата со 51 освоен бод, исто колку што има и Реал Мадрид, но со подобра гол-разлика. Рајо Валекано пак и покрај поразот останува на шесттата позиција на табелата со 35 освоени бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

