Барселона го продава Торес и го носи Караско

Со цел да заработи, Барселона планира да го продаде Феран Торес, и на негово место да го ангажира Јаник Караско од Атлетико Мадрид. Според информациите, Барса очекува да го продаде Торес за 40 милиони евра, и потоа со 16 милиони да го донесат Јаник Караско, и со тоа би биле во плус 24 милиони евра.

Во јануари Барселона доби право да го купи Караско како дел од трансферот на Депај во Атлетико Мадрид, и веројатно ќе ја искористи таа клаузула.

На 35 меча колку што одигра Караско, постигна 7 гола и забележа три асистенции.

Се вчитува...