Играчот од средниот ред на Барселона Гави, е блиску до продолжување на договорот со „каталонците“ до 2027 година. 17-годишниот фудбалер пружи одлични партии сезонава, а Чави сега сака да го „врзе“ со нов договор.
Тренерот на Барселона во него гледа долгорочно решение во средниот ред, а и самиот играч сака да остане верен на тимот од Ноу Камп.
Преговорите наводно се во завршна фаза, а во договорот ќе има и откупна клаузула од 1 милијарда евра. Претходно Барселона ги продолжи договорите со Педри и со Фати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

