Дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле беше регистриран од Барселона за мечевите во Ла Лига. Досега францускиот фудбалер немаше регистрација, откако минатата сезона беше отстапен од Тотенхем.
Регистрацијата на Ленгле не значи дека Чави ќе смета на него за идните натпревари. Се претпоставува дека Барселона го регистрираше по повредата на Хуан Араухо, кој ќе паузира неколку недели.
Ленгле и натаму се наоѓа на листата на продажба или на позајмица. Барселона сака да се ослободи од него за да отвори простор за ангажман на други играчи, односно да го запази финансискиот фер-плеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

