Рики Рубио и официјално стана член на Барселона. Според Марка, договорот е потпишан до крајот на сезоната 2023/24.
Во „минута до 12“ Каталонците го уфрлија одличниот плејмејкер во составот, бидејќи рокот за пријавување на нови играчи во Евролигата истекува на 7. февруари. Секако, тоа не значи дека Рубио ќе игра за каталонскиот гигант. Во договорот има клаузула дека и клубот и Рубио можат да го раскинат во секој момент.
Рубио се врати од НБА поради психолошки проблеми. Таму тој го раскина договорот со Кливленд Кавалирс. Тој го одигра последниот натпревар во плеј-офот минатата година. Поради грижа за менталното здравје, тој го откажа и учеството за репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство.
Рубио ја освои Евролигата со Барселона во 2010 година. Една година претходно беше избран со петтиот пик на драфтот од Минесота. Тој во 2011 година отиде во најсилната кошаркарска лига на светот и одигра вкупно 712 натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА