Приоритет за Барселона во зимскиот јануарски преоден рок ќе биде ангажман на стопер, кој ќе треба да ја пополни „дупката“ поради многуте откажувања. Андрес Кристенсен е тешко повреден и ќе го нема до крајот на сезоната. Роналд Араухо има психолошки проблеми, и исто така ќе отсуствува подолго време. Проблемот почна уште пред почетокот на сезоната кога Ињиго Мартинез замина во Ал Наср.
Се воспостави дека токму заминувањето на Мартинез остави огромна дупка, затоа што дефанзивата на „Каталонците“ имаше многу проблеми во текот на полусезоната.
Токму од тука тренерот Ханс Флик има решение. А, тоа доаѓа од екипата на Интер. Станува збор за Стефан де Фрај кој ќе треба да ја засили Барса во зимскиот преоден рок. Овој дефанзивец е на излезна врата од Интер, со оглед дека минутажата му е се помала, а договорот му истекува на крајот на сезоната.
Според шпанските медиуми, сите детали се веќе договорени, а Де Фрај треба да дојде во Барселона со откуп, односно Интер да заработи нешто за него, бидејќи е во последните шест месеци од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

