Барселона го сака Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ веќе неколку месеци е поврзуван со различни клубови ширум Европа, а сега е на мета на Барселона. Со доаѓањето на Рандал Коло Муани, српскиот репрезентативец не добива место во стартниот состав на Јувентус, а сосема е сигурно дека ќе има збогување со Торино.

Се зборуваше дека Влаховиќ може да биде купен од Арсенал и ПСЖ, а сега се појави нова опција во името на Барселона.

Каталонскиот клуб во моментов во шпицот на нападот ја има една од најдобрите „деветки“ во светот, Роберт Левандовски. Сепак, Полјакот влегува во доцните играчки години, а Барса би сакала да се подмлади. Во Влаховиќ гледаат вистинска замена за Левандовски.

Каталонскиот клуб планира да му понуди на Јувентус само 30 милиони евра за српскиот репрезентативец. Поточно, сакаат да го искористат незадоволството на Влаховиќ во Торино и максимално да ја спуштат цената за српскиот напаѓач.

Влаховиќ го започна претходниот натпревар против Каљари и беше стрелец на единствениот гол на натпреварот.

Се вчитува...