Трач на годината: Барселона го сака Мегваер како дел од трансферот за Де Јонг, Јунајтед „не сака да чуе!“?

Веќе е познато дека Манчестер Јунајтед и Барселона се во преговори за трансферот на Френки Де Јонг на „Олд Трафорд“, но додека траат разговорите англиските медиуми излегоа со една вест која дефинитивно е големо изненадување.

Англискиот таблои „Сан“ се чини се надмина себе си со шпекулациите, обелоденувајќи дека Барса го барала Хари Мегваер како дел од трансферот на Де Јонг, но Јунајтед ја одбил оваа опција.

Стоперот имаше сезона далеку под очекувањата, имаше огромни критики на негов адреса и навистина е шокантно ако Барса се обидувала да дојде до неговите услуги. Наводно тренерот Ерик Тен Хаг бил пречката затоа што сака да работи со англискиот репрезентативец кој своевремено пристигна од Лестер за 80 милиони фунти.

Како игра Мегваер, неверојатно е да се поверува дека некој воопшто сака да го преземе товарот од огромната плата што ја зема, уште повеќе гигант како Барселона, но и дека Јунајтед ќе ги одби сите опции за да го задржи фудбалерот кој беше „најслаба алка“ минатата сезона.

Се вчитува...