Една од шпекулациите во последно време на трансфер пазарот беше Рафаел Леао. Наводно Барселона сакаше да го доведе во своите редови, иако каталонскиот клуб има проблеми со финансискиот фер-плеј.
Сепак, се чини до трансфер нема да дојде, особено кога Барселона дојде до цената која Милан ја бара за неговите услуги. „Росонерите“ бараат 175 милиони отштета за Португалецот, сума која Барса не може да ја плати.
Барселона денеска треба да го ослободи Гундоган кој ќе се врати во Манчестер Сити, и со тоа ќе се направи место за Дани Олмо да биде регистриран и да биде во комбинација за настап во следните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА