Шведскиот 17-годишен фудбалер Лукас Бергвал, го сврте вниманието кон себе со одличните партии на толку млада возраст. Тој веќе стана стандарден член на шведскиот тим Ѓургарден. Со своите игри ги натера скаутите на силните европски клубови да го запишат во тефтерите и да го предложат до раководствата. Интерес има и од Барселона.
Каталонците имаат проблеми со финансиите, и тешко дека ќе се носат со конкуренцијата. Шпанските медиуми пишуваат дека Барса е подготвена да плати 15 милиони евра, но и дека шведскиот фудбалер бил заинтересиран да дојде на „Ноу Камп“. Има договор до летото 2025 година.
Барселона сака тајно и набрзина да го склопи договорот, со оглед дека доколку се појават други клубови и понудат повеќе, тешко дека Каталонците ќе можат да се носат со конкуренцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

