Барселона го штити Гризман поради „гревовите“ од минатото

Антоан Гризман наскоро треба да потпише за Барселона, но Французинот нема да биде претставен на „Камп ноу“. Причината е тоа што на Гризман, навивачите не можат да му го заборават тоа што минатото лето тој ја одби Барселона, одлучувајќи да остане уште една година во Атлетико.

Шпанска „Марка“ истакнува дека „гревот“ на Французинот не е заборавен, а Барселона во тој период нема да можат да го користат „Камп ноу“ бидејќи ќе се подготвува тревата за новата сезона. Навивачите на каталонскиот клуб за првпат ќе имаат можност да го видат Гризман во нивниот дрес на 4. август на трофејот „Жоан Кампер“.

 

 

Се вчитува...