Дани Карвахал на својот 34. роденден имаше можност да се изедначи со Лука Модриќ по бројот на освоени трофеи во историјата на Реал Мадрид, но „прославата“ ја спречи Барселона.
Каталонците славеа над вечниот ривал во Суперкупот на Шпанија со 3-2 и со тоа „спасија“ рекордот на хрватскиот ас.
Модриќ освои вкупно 28 трофеи со Реал Мадирд од кои шест во Лигата на Шампиони, пет во Суперкупот на Шпанија, пет во УЕФА Суперкупот, пет на Светските клупски првенства, четири во ЛА Лига, два во Купот на Кралот и еден во Интернационалниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

