Војната меѓу Барселона и Нејмар продолжува откако каталонскиот гигант испрати официјална тужба против својот поранешен фудбалер, поднесена во Судот во Барселона за непочитување на договорот што Бразилецот го имаше со својот доскорешен клуб.
Барселона бара 8,5 милиони евра од Нејмар, сума што според каталонците кореспондира со дел од парите што му следат на Бразилецот со новиот договор што го потпиша со Барса пред неколку месеци, а кој според клубо не бил испочитуван. Воедно, каталонскиот гигант бара и 10% како камата на оваа сума, инсистирајќи ПСЖ да ја плати казната доколку Нејмар одбие такво нешто.
„Раскинот на договорот беше едностран, на инсистирање на Нејмар, неколку месеци по потписот на истиот“ – се вели во соопштението на Барселона.
Станува збор за една третина од сумата што каталонците според договорот требаше да му ја исплатат на Бразилецот како „бонус за лојалност“, за што каталонците се убедени дека немаат обврска да ја платат целата сума по покажаната нелојалност од страна на фудбалерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА