Каталонскиот гигант Барселона го договори трансферот на српскиот интернационалец Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Тој беше во преговори со лутиот ривал Реал Мадрид, но според „Frankfurter Allgemeine“, Барселона успеала побрзо да го договори неговото доаѓање на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок.
Лука Јовиќ игра во фантастична форма во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, прв стрелец е во Бундес-лигата во моментот со 14 постигнати гола, и всушност е отстапен фудбалер од Бенфика во Ајнтрахт Франкфурт. Германскиот бундеслигаш секако ќе ја искористи клаузулата за комплетно откупување на договорот, а потоа и ќе го продаде на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА