Каталонскиот гигант Барселона и понатаму не се откажува од идејата да го ангажира Фелипе Кутињо, бразилскиот играч за врска од редовите на Ливерпул. Иако англискиот премиерлигаш ја одби понудата вредна 100 милиони евра, сепак, раководството на клубот од „Камп Ноу“ сега понуди нова солуција. Иван Ракитиќ да замине на „Енфилд роуд“, а Ливерпул да добие и дополнителна финансиска сума за трансферот на Нејмар.
„Никој не е недопирлив, а трансферите се прашање на тајминг и мора да се реагира во вистински момент“, изјави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул.
Сепак, англискиот клуб засега цврсто го држи ставот дека не сака да го продаде Кутињо во овој летен преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА