Барселона го враќа поранешниот фудбалер од Саудиска Арабија

Барселона зимскиот преоден рок ќе го искористи за засилување на проблематичната одбрана. Еден од оние кои се наоѓа високо на листата на желби на каталонците е поранешниот фудбалер на тимот, Жоао Кансело.

Кансело кој сега е дел од саудискиот клуб Ал Хилал со успех настапуваше како позајмен фудбалер за Барселона во сезоната 2023/24, но тогаш не се избори за откупување на неговиот договор од Манчестер Сити.

Искусниот бек не добива голема минутажа во Ал Хилал под водство на Симоне Инзаги па и самиот сака да ја промени средината со цел да биде во конкуренција за место во репрезентацијата на Португалија за Светското првенство.

Се вчитува...