Барселона го „врза“ новиот Меси со договор до 2026 година

Шестнаесетгодишниот фудбалски талент Ламин Јамал ќе настапува во редовите на Барселона најмалку до 2026 година откако каталонскиот тим денеска се пофали со продолжување на соработката притоа додавајќи откупна клаузула од една милијарда евра.

Јамал е член на Барселона од својата седма година. Откако ги помина сите младински категории на популарната „Ла масија“ дебитираше и за првиот тим испишувајќи историја како најмлад дебитант со 15 години, девет месеци и 16 дена руштејќи рекорд стар 101 година.

Пофални збороците за 16-годишникот имаше и тренерот Чави кој неодамна го спореди со Лео Меси.

„Да сличен е на Меси. Многу е талентиран во последната третина. Тој е играч кој може да одбележи една цела ера на Барселона“

Се вчитува...