Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген се договорил со раководството на Барселона за продолжување на договорот на уште пет години. Германецот кој веќе девет години е дел од тимот, ќе остане верен на шпанскиот гигант и во следните пет години, што би требало да заокружи 14 години престој во Барса.
Тер Штеген дојде во Барселона во 2014 година како замена за тогашниот прв чувар на мрежата Виктор Валдес. Најпрво се натпреваруваше со Клаудио Браво за позицијата број 1, а потоа остана недопирлив на голот на Барселона за која има одиграно преку 300 натпревари во сите конкуренции.
Целиот трансфер чинеше околу 12 милиони евра, а тогаш потпиша петгодишен договор. Во 2017 потпиша нов договор со откупна клаузула од 180 милиони евра до 2022 година, а во 2020 нов договор до 2025 година со клаузула од 500 милиони евра.
И сегашниот договор му е со клаузула од пола милијарда евра отштета доколку некој сака да го откупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

