Барселона губи уште пет милиони евра на најголемото промашување на клубот

Осман Дембеле во 2017 година пристигна во Барселона како големо засилување, вредно дури 105 милиони евра кои од натпревар во натпревар постојано се зголемуваат. Како што стои во трансфер договорот со Борусија Дортмунд, каталонскиот клуб е должен да плаќа бонуси за 25, 50, 75 и 100 настап на Французинот.

Барселона во два наврати исплаќа по пет милиони евра за услугите на Дембеле, а на ред е и третата. Досега Франзуцинот го чинеше шпанскиот клуб 130 милиони евра, а доколку 23-годишниот напаѓач не го напушти составот од „Камп Ноу“ истиот може да достигне вкупни 148 милиони евра.

Вториот најскап играч во историјата на Барселона пристигна во редовите на каталонскиот состав како замена за Нејмар, но не ги исполни очекувањата. Одигра вкупно 83 натпревари на кои постигна 22 гола и асистираше 17 пати. Младиот играч потклекна пред големиот притисок и не ги исполни очекувањата па неговата цена ќе биде драстичо помала од онаа која Барселона ја плати пред три години.

Се вчитува...