Барселона и Арсенал со најмногу претставници на СП во Русија

Барселона и Арсенал се клубовите кои имаат најмалку по еден фудбалер во секоја од групите за Светското првенство во Русија. овој податок за нив е од голема важност, бидејќи како што е познато на клубовите ќе заработуваат од секој претставник кој со својата репрезентација ќе игра на мундијалот.

За секој поминат ден на СП, клубовите за секој играч поединечно ќе добиваат по 7.000 евра, што во превод за Барса и Арсенал значи милионски заработки.

Арсенал има 11 фудбалери кои ќе ја бранат честа на своите земји:

Група А – Мохамед Елнени (Египет)

Група Б – Начо Монреал (Шпанија), Хектор Белерин (Шпанија)

Група Ц – Лоран Кошчелни (Франција), Александре Лаказет (Франција)

Група Д  – Алекс Ивоби (Нигерија)

Група Е – Гранит Џака (Швајцарија)

Група Ф – Шкодран Мустафи (Германија), Месут Озил (Германија)

Група Г – Џек Вилшер (Англија)

Група Х – Давид Оспина (Колумбија)

Барселона има дури 15 фудбалери:

Група А – Луис Суарез (Уругвај)

Група Б – Серхио Бускетс (Шпанија, Андрес Иниеста (Шпанија), Жорди Алба (Шпанија), Жерар Пике (Шпанија), Андре Гомеш (Португалија)

Група Ц – Самуел Умтити (Франција), Усман Дембеле (Франција)

Група Д  – Лионел Меси (Аргентина), Иван Ракитиќ (Хрватска)

Група Е – Филипе Кутињо (Бразил), Паулињо (Бразил)

Група Ф – Марк Андре Тер Штеген (Германија)

Група Г – Томас Вермален (Белгија)

Група Х – Јери Мина (Колумбија)

 

 

Се вчитува...