Барселона и Баерн Минхен имаат една заедничка болка и ќе се обидат да ја разрешат во летниот преоден рок. На двата тима им недостига квалитетен десен бек. Имаат и заедничка желба, а тоа е Хуанфран Торес, искусниот десен бек на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец. Тој има договор со клубот до јуни 2018 година, но ако пристигне добра понуда можеби и ќе реши да ја промени средината. Неговата вредност изнесува околу 15 милиони евра, со оглед дека веќе има 32 години.
Барселона оваа сезона играше најчесто со Серхи Роберто на позицијата десен бек, но тој е всушност играч за врска кого Луис Енрике го прекомандува на новата позиција. Алеиш Видал подолг период е повреден, па Барселона сака да го има Хуанфран во своите редови.
Баерн Минхен на крајот од сезоната ќе остане без капитенот Филип Лам, кој заминува во пензија, а Рафиња не е играч од врвен квалитет, кој би ги задоволил вкусовите на Карло Анчелоти. Токму затоа и баварскиот клуб е во потрага по нов десен бек кој треба да пристигне на „Алијанц арена“ ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА