Една од активностите на Барселона во следниот преоден рок ќе биде да се ослободи од Филипе Кутињо. Тешко дека било кој за бразилскиот офанзивец ќе плати 120 милиони евра, колку што Барселона му плати на Ливерпул, па каталонците се подготвени и на замена.
Барселона, според последните информации, е подготвена да го менува Кутињо за Н’Голо Канте од Челси. Французинот е клучниот фудбалер на Челси па силно го посакува и Реал Мадрид. Но, Барселона со Кутињо има ас во раковот ако се знае дека Бразилецот е долгогодишна желба на Челси.
„Мундо депортиво“ тврди дека размената Кутињо – Канте е веќе реална опција за следниот преоден рок за која се заинтересирани и двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА